Војводина слави трофеј во Купот, Додиќ е МВП

Војводина го победи Партизан со 28-26 во финалето на Купот на Србија што се одигра во градот Краљево.

Тимот од Белград, ослабен без Петар Ѓорѓиќ, не можеше да слави против големиот ривал третпат сезонава, а го имаше само расположениот Никола Црноглавац со 12 голови.

Некогашниот член на Металург, Вардар и Охрид, како и Загреб и Целје, Стефан Додиќ, беше клучната фигура во составот на Владан Матиќ.

Тој заслужено беше прогласен за МВП, бидејќи не само што постигна шест гола, туку и подели многу асистенции. Седум гола за победничкиот состав даде Воркапиќ.

Во тимот на Ѓорѓе Чирковиќ, покрај Црноглавац, капитенот Зечевиќ имаше добра партија со шест гола, а Бојан Маџовски не се запиша во листата на стрелци.

Кај дамите, Црвена Ѕвезда го одбрани трофејот, откако ја совлада Јагодина со убедливи 40-29 предводена од Александра Стамениќ со 12 гола. Македонката Сара Стефаноска погоди еднаш за поразениот тим.