Тимот на Бисинов и по четири кола во прволигашкиот плеј-оф продолжува без загубен бод, откако во Велес славеше против Македонија Ѓорче Петров со 44-33.
Гостите од Ѓорче Петров успешно му парираа на домашниот тим, во финишот на полувремето водеа со 17-16, но еден лош период ги чинеше негатива од четири гола.
Бисинов искористи неколку грешки на Македонија ЃП и за кратко време направи комплетен пресврт, па со плус четири, 21-17, замина на пауза.
Добрата игра на домашните продолжи и на стартот на вториот дел, па до крајот само рутински ја зголемуваа разликата во своја корист.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Илиев и Стојменов со по девет погодоци, додека кај Македонија ЃП се истакнаа Бучуковски и Ѓиноски со по осум гола.
Бисинов сега 12 бода на лидерската позиција, додека Македонија ЃП има три. Во следното коло ѓорчевци гостуваат кај Радовиш, а Бисинов кај Драчево.