„Во Струга ракометот е рамен на религија, ќе се обидеме да го запреме Тиквеш“

Ракометарите на Струга во натпревар од 10. коло во суперлигашката конкуренција за ривал го имаат тимот на Тиквеш, кој веќе има обезбедено билет во плеј-оф фазата.

Овие две екипи се сретнаа на стартот од новата сезона и на натпреварот во Кавадарци исходот беше 30:26 за ракометарите на Никола Матлиески.

Сега Струга ќе игра пред домашната публика и ќе посакува најверните фанови да ги израдува со победа, со која ќе биде поблиску до остварување на зацртана цел – пласман во плеј-офот.

Еден од младите играчи во тимот на Струга, Филип Велјаноски, ги истакна своите очекувања за дуелот со кавадарчани и најави голема борба за освојување на трите бода.

,,Оваа сезона е многу важна за нашиот тим. Струга покажува дека во нашиот град ракометот е рамен на религија. Многу често покажуваме дека финансиите не се пресудни за успех, туку кохезијата во тимот и љубовта кон овој спорт. Екипата на Струга многупати покажала дека и кога ја нема фаворитската улога, знаела да им го “загорчи животот” на фаворитите. Така и во овој случај, на фаворитот Тиквеш им порачувам дека нема да биде тоа “прошетка во парк”. Од натпревар во натпревар влегуваме во ритам и формата ни оди во нагорна линија, што е очигледно од резултатите што ги постигнавме на претходните меча”, изјави Велјаноски.

Тој додава дека тимот на Струга сериозно работи со младите играчи и на суперлигашките натпревари им дава шанса да го покажат својот потенција.

,,Среќен сум што и ние младите добиваме значителна улога во целата приказна. Се бориме како лавови да ја оправдаме таа доверба. Ретко кој тим во Македонија му дава таква можност на својот подмладок. Им благодарам на тренерот Танески и на стручниот штаб и на нашите соиграчи за довербата и за искрениот пристап. Секој млад ракометар ова може само да го сонува. Тиквеш е фаворит, но ние сме во ритам и ќе дадеме сѐ од себе да им застанеме на патот, а “Паткари “ ќе ни го трасираат. Ја повикам ракометна Струга да дојде на натпреварот и да ни даде голема поддршка”, заврши Велјаноски.

Натпреварот меѓу Струга и Тиквеш ќе се одигра в сабота (11 ноември) со почеток од 14:30 часот во спортската сала при СОУ „Нико Нестор“. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122