Висла Плоцк немоќна во дерби дуелот со Келце

Ракометарите на Келце славеа над Висла Плоцк во дерби дуелот од 22. коло во шампионатот на Полска.

Избраниците на Талант Душебаев со одличната игра во вториот дел стигнаа до победа од пет гола разлика, 34:29.

На полувреме Келце имаше минимална предност од 15:14, потоа во вториот дел осетно ја зголеми разлика, на моменти водеше и со плус осум.

Најефикасен во победничката екипа со девет погодоци беше репрезентативецот на Франција, Дилан Наи.

Листата на стрелци во таборот на Висла Плоцк беше предводена од левиот бек Тин Лучин, кој зад своето име имаше осум реализации.

Келце сега го презеде лидерското место на табелата, двете екипи имаат по 69 бодови, но Висла Плоцк на првиот дуел триумфираше само со еден гол разлика, 29:28.

Од оваа сезона во Полска има плеј-оф на елиминации, па така овој натпревар нема да биде решавачки за титулата.

До крајот од регуларниот дел во најсилното натпреварување во Полска треба да се одиграат уште две кола.