Висла Плоцк на шопинг во Барса и Целје

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк сака да формира уште посилен ростер за следните сезони и конечно да го симне Келце од тронот.

Според „Мундо Депортиво“, блиску до потпис со Висла Плоцк е десниот бек Мелвин Ричардсон од Барса во 2025 година.

Тогаш во каталонскиот гигант се враќа Ѓорѓе Цикуса од позајмицата во Монпелје, па во Барса планираат тој да му биде партнер на Дика Мем.

Покрај Ричардсон, според „Спортове Факти“, во Висла Плоцк во 2025 година, ќе се пресели и средниот бек на Целје, Митја Јанц.

21-годишниот Словенец ќе одигра уште една сезона во Целје, но летото во 2025 година ќе го има првиот интернационален предизвик.