Хрватскиот голман Дино Славиќ на одличен начин ја започна својата приказна во Охрид. На првиот турнир со новиот клуб стигна до трофејот, а беше избран и за најдобар голман на „Струга 2026“. Охрид со 31-30 победи во финалето против Вардар.
Охрид го одбрани трофејот на 54. издание на турнирот во Струга, а едно од индивидуалните признанија заврши во рацете на новиот чувар на мрежата Дино Славиќ. Хрватот имаше забележителни настапи во текот на турнирот и на крајот беше прогласен за најдобар голман.
Славиќ ова лето пристигна во Охрид од француски Лимож и уште на првиот турнир покажа дека треба да биде едно од големите засилувања на тимот на Борис Ројевиќ.
По доделувањето на признанијата, Славиќ истакна дека е задоволен од првите натпревари со новата екипа, но не сакаше да извлекува големи заклучоци уште на стартот.
„Знам колку добро се бранеше во Охрид и претходно и се надевам дека ќе продолжиме во тој ритам. Ќе видиме што ќе донесе сезоната, но по овој прв турнир можам да бидам задоволен“, изјави Славиќ.
За Охрид ова е уште една потврда дека на голманската позиција има сигурно решение за сезоната во која амбициите повторно ќе бидат високи.
По завршувањето на турнирот тој се осврна и на голманот кој беше пред него во Охрид, нагласувајќи дека е свесен каква трага оставил неговиот претходник.
„Знам дека претходниот голман беше миленик во Охрид и знам колку добро бранеше минатата година. Се надевам дека и ние ќе продолжиме во тој ритам. Ќе видиме што ќе донесе сезоната, но кога е во прашање овој прв турнир, можам да бидам задоволен“, изјави Славиќ.

























