Тимот на Ференцварош, кој оваа сезона стигна до полуфиналето на Европскиот Куп, објави дека се продолжени договорите со четворица ракометари.
Најважен е новиот потпис со ветеранот на средната бековска позиција, Мате Лекаи, кој и наредната сезона треба да биде важна алка во тимот на Иштван Паштор.
Покрај Лекаи, на голот на Ференцварош ќе остане и Адам Борбељи, а соработките ги продолжија и левото крило Петер Ковачич и пивотот Даниел Фузи.
Претходно Ференцварош ги ангажираше искусните бекови од Татабања, Матијас Ѓер и Габор Анчин, кој ова лето ќе има камбек во тимот каде што играше претходно.