Вардар до навивачите: Купи билет и заедно да одиме на Ф4

Вардар ги пушти во продажба билетите за четвртфиналниот меч од Лига Европа против Монпелје, што треба да се игра на 5 мај во Скопје. На навивачите им порача!

Да го направиме последниот чекор заедно!

Натпреварот Вардар 1961 – Монпеље ќе се одигра во вторник, на 05.05.2026 година, со почеток од 20,45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

„До самата завршница на Лига Европа не делат уште неколку важни чекори, а поддршката од трибините ќе биде од огромно значење за нашиот тим, се вели во објавата на клубот

Продажбата на билетите ќе се одвива онлајн преку продажната мрежа на www.ticketx.com.mk –
https://ticketx.com.mk/events/vardar-montpellier
како и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секоја работен ден од 10 до 18 часот.

Цените на билетите се следните:
Блок A2, A3, A5, A6 – 500 денари
Блок A1, A4, G, 4, 5, 7, 12, 13, 14, 15 – 400 денари
Блок A, 1, 2, 3, 8, 11, 16 – 300 денари