Новиот капитен на Хрватска, Иван Мартиновиќ, кој имаше одличен настап на Мундијалот во јануари, стана мета на многу моќни клубови.
Според информациите на порталот Mannheimer morgen, најголем интерес за десниот бек има од унгарскиот гигант Веспрем.
Мартиновиќ има договор со Рајн Некар до летото, 2026 година, па така по две сезони би можел да си замине од Бундес лигата.
Хрватот, кој има 27 години, во најквалитетната лига во светот играше уште за Хановер, Мелсунген и Гумерзбах.
На Мундијалот 2025 беше прв стрелец на ,,коцкестите”, ги водеше до сребро, а беше избран и во ол-стар тимот.