Иако дел од медиумите најавија дека францускиот ПСЖ ќе добие вајлд-карта за Светското клупско првенство, сепак ИХФ денеска објави дека таа оди кај унгарскиот гигант Веспрем.
Покрај Веспрем, во Каиро ќе играат уште две европски екипи – шампионот Барселона и бранителот на титула на Светското клупско првенство, Магдебург.
Трите европски тимови ќе бидат во првиот шешир и ќе бидат носители на трите групи, во кои ќе се најдат уште шест тима.
Тоа се домаќинот Ал Ахли од Египет, африканскиот првак Замалек, азискиот шампион Ал Калеј, претставникот на Средна и Јужна Америка – бразилскиот Таубате, како и уште по еден тим од Северна Америка и Кариби, односно Австралија и Океанија.
Светското клупско првенство, кое претходно го имаше називот Супер Глоуб, ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври.