José Maria RODRIGUEZ VAQUERO (coach), Iceland vs Hungary, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Nebojsa Tejic / kolektiff

„Веруваме дека можеме да победиме секого, тоа ни дава голема сила“

Репрезентацијата на Унгарија беше едно од најпријатните изненадувања на Европското првенство 2024 кое се одржа во Германија.

Унгарија го освои петтото место на континенталниот собир и покажа дека може да се носи со секој ривал.

Селекторот на Унгарија, Чема Родригез, во разговор за „Nemzeti Sport”, ги сподели своите импресии по забележителниот успех.

,,Ние немаме големи ѕвезди во нашата репрезентација, со исклучок на Бенце Банхиди, но ние сме силни како тим. Токму во оваа насока се случи главниот напредок во последните години. Секако дека разбираме дека можеме да загубиме од секого, но веќе веруваме дека можеме да победиме секого, а тоа ни дава уште поголема сила“, изјави Родригез за „Nemzeti Sport”.

Стратегот на петтата европска сила истакна дека голем дел од младите играчи стекнале големо искуство со настапот на ЕП.

,,Младите ракометари, кои се карактеризираат со самодоверба, се повеќе се интегрираат во составот на репрезентацијата. Многу ми е мило што Зоран Илиќ, Кристоф Паласич, Герго Фазекаш, Бенце Имре…присуствуваа на ЕП. Некои беа на теренот во важни моменти, други играа помалку, но никој не може да им го одземе искуството што го стекнаа “, заврши Родригез за „Nemzeti Sport”.

Избраниците на Родригез во групната фаза завршија со 100% учинок, триумфираа над Црна Гора, Исланд и Србија, во главната фаза стартуваа со два бода, но загубија од Австрија, Германија и Франција, славеа против Хрватска и во борбата за 5. позиција беа подобри од Словенија.

📷 Унгарија во Келн испиша историја, се радуваше на најголемиот успех на ЕП!