Во натпревар на кој беа постигнати 81 гол, тимот на Вардар без многу проблеми славеше над Спартак со 45:36.
Вардарки со новите освоени бодови го зголемија бодовното салдо, сега имаат 58 бодови и ја презедоа третата позиција на табелата.
На денешниот дуел сѐ беше решено уште во првото полувреме, кое „црвено-црните“ го добија со 23:18.
Спартак уште повеќе попушти во второто полувреме и никако не можеше да дојде до помала негатива.
Најефикасна во вардаровиот табор беше Ивона Трпевска со девет погодоци, осум додаде Симона Василева, седум запиша Борјана Коцева.
Кај поразениот тим се истакнаа Михаела Ангеловска со девет и Ангела Гроздановска со осум погодоци.