Игор Карачиќ во разговорот за 24Ракомет најави дека пред репрезентативната пауза нема се врати во Полска и неколку дена ќе мине во Скопје.
Хрватскиот среден бек беше на дружба со Стојанче Стоилов, со кој играше седум сезони во Вардар, како и со поранешниот вардарец Дејан Манасков.
Карачиќ со „црвено-црните“ освои многу титули, меѓу кои најважни се двете во Лигата на шампионите и остави неизбришлива трага.
Тој пред два дена беше меѓу подобрите ракометари во полскиот шампион Келце во тешкиот триумф над Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Хрватот ги „пецна“ навивачите на македонскиот првак на дуелот во Битола, но и тие не му останаа должни.