Вицепрвакот Вардар го одигра вториот контролен натпревар пред продолжението на првенството, победувајќи го Фруит Ленд Борец со 40-26 (22-12).
Иако ослабени без осум стандардни првотимци, „црвено-црните“ немаа проблеми против екипата од Велес и одработија според планираното.
Уште во првото полувреме беа решени сите дилеми кога Вардар поведе со 22-12, додека во вторите 30 минути немаше поголема промена на теренот.
Од репрезентативците, само Милан Лазаревски беше во тимот, а поголема минутажа добија Кристијан Стаменковиќ, Томче Стојановски, Марко Богдановски и Мигуел Пинто.