Македонскиот шампион Вардар денеска ќе ги дознае противниците во новата сезона од Лигата на шампионите, а пред ждрепката се наоѓа во четвртиот, последен шешир.
Со Вардар заедно се данскиот Архус, словенечкиот Целје, швајцарскиот Криенс Луцерн, шведскиот Кристијанштад и српскиот Партизан.
„Црвено-црните“ може да добијат многу тешка група, но и група во која би можеле да имаат шанси за ТОП 12, иако шансите нема да бидат (пре)големи, па затоа на вардарци ќе им треба среќа.
Првите две места во групата носат прогрес во главната рунда во ЛШ, додека трето и четвртопласираните екипи ќе продолжат во елиминациите од Лигата на Европа.
Ждрепката за групите ќе се одржи денеска во Виена со почеток од 11:00 часот.

























