Вардар носи најмалку три нови интернационалци !

Вардар сериозно се подготвува за следните сезони и веќе се преговара и договорени неколку засилувања кои летово треба да дојдат во „Јане Сандански“. Сезонава „црвено-црните“ се надеваат дека во последните две кола ќе можат да стигнат до титулата, односно да победат на мечевите, но и да чекаат „кикс“ на конкурентот Еурофарм Пелистер.

Според инфорациите на 24ракомет веќе се во завршна фаза разговорите со новите интернационалци, и наскоро би требало да бидат обелоденети засилувањата на „црвено-црните“. Сите имаат интернационално искуство зад себе, и доаѓаат на позиции каде има потреба од нови сили.

Сигурно е дека на крајот од сезонава Вардар ќе остане без неколку ракометари, меѓу кои се Мартин Томовски и Мартин Карапалевски, а веројатно ќе си заминат и неколку интернационалци кои сега играат во тимот.

Во моментов неколку интернационалци сигурно ќе си заминат, бидејќи им завршуваат договрите. Вардарци се спремаат за Куп натпреварите, а потврда дека нешто се подготвува кај „црвено-црните“ добивме од Борко Ристовски, Извршниот директор на вардарци.

„На вашето прашање, во овој момент можам да одговорам само делумно. Вардар потпиша договор со нови играчи, кои ќе донесат подобрување на квалитетот на играта како и повеќе играчи за ротација. Овие засилувања и неколкуте со кои преговараме само покажуваат дека нашите амбиции се шампионска титула и успешно претставување во Европа, што би помогнало за промоција на македонскиот ракомет и на македонската држава во целина. Јас кажав на почетокот на сезонава дека Вардар повторно ќе биде на врв… И стојам на мојот став. Вардар е најдобриот спортски колектив во дравава и нормално неговото место е на врв, ни изјави Борко Ристовски, извршниот директор на Вардар.

Сезонава скопјани го освоија Супер купот на Македонија, а викендов играат за одбрана на Куп трофејот.