Вардар не го заборави својот верен навивач – а Ждаре за роденден си посака желба поврзана со клубот

Родителите на Лука Циндриќ специјално дојдоа во Скопје на роденденот. Честитки стигнаа од Чупиќ, Шишкарев, Циндриќ, Горбок... Вардарци му подарија специјален дрес за роденденот

Вардар го сакаат сите генерации, а клубот знае со „мал гест“ да им се оддолжи на оние што секогаш се со него, и со години го поддржуваат и да им направи голем мерак. Сите го познаваат како „Ждаре“, и го има секаде, а тој е не само поддржувач и навивач на Вардар, туку и пријател со сите ракометари. Љупчо Цветкоски – Ждаре го прослави јубилејниот 60. роденден, а подарок доби и од вардарци.

Тренерот на повеќекратниот македонски првак, Владо Недановски од името на сите ракометари и Вардар му го честиташе јубилејниот роденден на Љупчо, посакувајќи му заедно да бидат на уште многу средби и да се радуваат како и досега. Дресот со бројката 60, Ждаре гордо ја носеше во текот на целата прослава, покажувајќи колкаф ќеиф му направиле „црвено-црните“.

Со многу од оние што играле во Вардар во минатото, Ждаре останал во контакт и е личен пријател. На неговиот роденден покрај пријателите, ракометари, спортисти честитки пристигнаа од поранешните вардарци, Лука Циндриќ, Даниел Шишкарев, Сергеј Горбок, Иван Чупиќ…. Сите лично му го честитаа роденденот и му посакаа повторно заедно да проалавуваат.

Родителите на Лука Циндриќ, специјално допатуваа во Скопје на роденденот, за да му се заблагодарат за неговата поддршка што тој му ја давал на Лука кога играше во Скопје. Сите се присетија на времињата кога беа дел од Вардар, а заедно Ждаре и „неговата тајфа“ ги прославуваа победите.

А Ждаре, кога ги дуваше свеќичките на тортата посака три желба. Не ги откри, но само потврди дека едната е секако поврзана со Вардар.