Митревски и Тодоровски „главни“ на најинтересниот двобој во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски го добија еден од најинтересните двобои на отворањето на сезоната.

Тие ќе ја делат правдата на хрватско-словенечката битка од елитната конкуренција меѓу Загреб и Целје.

Овој меч на кој делегат ќе биде Србинот Јован Попадиќ е закажан за 09 септември од 18:45 часот во „Загреб Арена“.