Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Велешанецот го одигра последниот натпревар за Ваљадолид на домашен терен и беше поздравен од полните трибини.
Тој одигра 52 натпревари во двете сезони за Ваљадолид, а два пати се најде во идеалниот тим на колото во Асобал лигата.
Од лето Димитриевски ќе го носи дресот на амбициозниот второлигаш Аликанте, кој има амбиции за влез во Асобал лигата.