Минхен, Кил или Магдебург – Македонија има три опции пред ждрепката!

На 10 јуни во Минхен, машката репрезентација на Македонија ќе ги дознае ривалите на Мундијалот во Германија.

Македонија е во вториот шешир пред ждрепката, но по распределбата на репрезентациите како домаќини по градовите, јасно е дека Македонија нема да игра во Штутгарт.

Таму од нашиот шешир ќе играат Италија и Франција, а тоа значи дека Македонија нема да игра против Египет или Аргентина од првиот шешир, кои ќе бидат распределени во Штутгарт, па за нашите момци останува некоја од европските велесили – Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија или Шведска.

Од третиот шешир може да играме против сите ривали, а исто така и од четвртиот шешир, од каде доаѓа опасност од селекциите што ќе добијат вајлд-карти. Тоа може да бидат Унгарија, Австрија, Холандија, Швајцарија…

шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина
шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија
шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле, САД
шешир 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Вајлд-карта 1, Вајлд-карта 2

Групи СП 2027 и градови-домаќини:

група А: Германија – Минхен
група Б: Италија – Штутгарт
група Ц: Хрватска – Минхен
група Д: Франција – Штутгарт
група Е: Шведска – Кил
група Ф: Португалија – Магдебург
група Г: Данска – Кил
група Х: Исланд – Магдебург 

___________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________