РФМ вети премија – еве колку ќе добијат ракометарите за пласманот на СП!

Машката репрезентација со втора победа над Словачка, овојпат со 38-23, успеа да се пласира на Мундијалот наредната година во Германија.

Ракометната федерација на Македонија, односно претседателот Александар Стефанов, по мечот вети премија за ракометарите и стручниот штаб.

Тие ќе поделат 1.500.000 денари за пласман на осмо СП по ред, односно 16 големо натпреварување по ред ако ги земеме во предвид и ЕП.

Македонија од втор шешир ќе ја чека ждрепката за Мундијалот која ќе се одржи на 10 јуни во Минхен.