Уште еден рекорд на ЕП: Повеќе од милион гледачи на 65 натпревари во Германија!

Стартот на Европското првенство во Германија беше одбележан со рекорд по бројот на гледачи (повеќе од 55.000) на првите два меча во Диследорф каде играат Македонија-Франција, односно Германија-Швајцарија, а крајот е исто така одбележан со уште еден рекорд.

ЕП во Германија ќе се памети како првото на кое натпреварите низ салите ги следеле повеќе од милион гледачи!

Поточно 1.008.660 гледачи беа на трибините во Диселдорф, Берлин, Манхајм, Минхен, Хамбург и Клен.

Кога на овој рекорд ќе се додадат и гледачите од утрешните две средби, бројката ќе биде уште поголема.

Во „Ланксес Арена“ во Келн ќе се играат финалето меѓу Франција и Данска, како и мечот за третото место меѓу Шведска и Германија.