Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе гостува кај францускиот шампион ПСЖ во првиот натпревар од новата сезона.
ЕХФ ги делегираше унгарските арбитри Оливер Биро и Адам Киш за дуелот во „Пјер де Кубертен“.
Делегат на овој натпревар што ќе се игра на 11 септември од 20:45 часот, ќе биде Чехот Јири Конечни.