Селекторот на машката сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го објави конечниот список за настап на квалификациските натпревари за пласман на Олимписките игри во Париз.
На списокот кај Родригез има 20 ракометари, меѓу нив е искусниот голман Роланд Миклер, кој не настапи на Европското првенство во Германија.
Унгарија во квалификациите за ривали ги има репрезентациите на Тунис, Португалија и Норвешка. Најдобрите две репрезентации ќе учествуваат на најголемата спортска манифестација на светот.
Третата квалификациска група ќе се игра во унгарскиот град Татабања, па така составот на Родригез ќе има голема поддршка од трибините и ќе може да се надева на пласман на едно од првите две позиции во групата.
Прв ривал на унгарската репрезентација, која на континенталниот собир во јануари го освои петтото место, е Тунис, потоа следуваат дуелите со силните Норвешка и Португалија.