Тимот на Пролет по ремито со Радовиш минатото коло, ја продолжи серијата без пораз во прволигашкото друштво откако славеше на гости кај Овче Поле со 32-30.
Предводник на Пролет на гостувањето во Свети Николе беше Јован Соколоски со десет погодоци, а гостите во вториот дел го скршија отпорот на жилавиот домаќин.
По 14-14 во првото полувреме, Пролет полека ја презема контролата на теренот и ја градеше предноста, поведе со пет гола, а Овче Поле иако во два наврати на минус два, немаше сили за комплетен камбек.
Покрај Соколоски кој даде десет гола за Пролет, кај победничкиот тим одличен беше и Давитковски со седум погодоци, додека кај Овче Поле се истакнаа Димитров со седум и Петровски со шест гола.
























