Радовишани броеја до 48 против Сокол Саса – прва победа за поранешниот суперлигаш

По поразот од Аеродром, како и реми средбите со Драчево Јуниор и Пролет, ракометарите на Радовиш ја запишаа првата сезонска победа во Првата лига.

Поранешниот суперлигаш славеше против новиот прволигаш Сокол Саса со 48-26, откако и на паузата беше 25-13.

На стартот од мечот во „25 Мај“, домашниот тим поведе со 6-0 по шест минути и веќе беше јасно каков ќе се одвиваат работите на теренот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Костадин Ѓорѓиев со осум и Васе Петров со седум гола, додека десет гола за Сокол Саса даде Мирче Ѓоргиев.

Во следното коло Радовиш ќе оди на гостински терен кај Преспа, додека Сокол Саса ќе игра дома со Овче Поле.