Украина ги надигра Фарски Острови, Исланд преку Грузија до втора победа

Репрезентацијата на Украина се вклучи во борба за пласман на Европското првенство 2026, откако на неутрален терен, во Вилнус, успеа да ги надигра Фарски Острови со 35:32 (14:17).

Иако островската земја беше благ фаворит на денешниот дуел, сепак, ракометарите на Украина со одличната игра во вторите 30 минути дојдоа до многу важна победа во квалификацискиот циклус.

Левиот бек Игор Турченко имаше свој ден во победничката репрезентација, на Фараните им даде дури 11 гола, а го следеше Дмитриј Артеменко со три помалку, односно осум успешни реализации.

Кај Фарски Острови прво име беше Оли Митун со осум гола, по седум запишаа Елијас Елефсен а Скипаготу и Хакун Вест ав Тајгум.

Во групата во која се наоѓаат двете репрезентации, денеска ќе играат Косово и Холандија, која е голем фаворит за првата позиција на табелата.

Членот на Охрид, Теимураз Орјоникидзе, заедно со Грузија беа поразени од Исланд со 30:25 (14:13). Орјоникидзе повторно беше меѓу најдобрите во Грузија, натпреварот го заврши со три гола од четири обиди, а најефикасен беше екс членот на Струга, Гиорги Дикаминџија со девет гола.

Квалификации за ЕП 2026, 2. коло, резултати:
УКРАИНА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 35-32
ЛЕТОНИЈА – ШПАНИЈА 29-38
ФИНСКА – УНГАРИЈА 23-32
ТУРЦИЈА – ГЕРМАНИЈА 29-36
ГРУЗИЈА – ИСЛАНД 25-30
16:00 ШВАЈЦАРИЈА – АСВТРИЈА
16:30 БЕЛГИЈА – ЧЕШКА
17:00 СЛОВАЧКА – ЦРНА ГОРА
17:00 ЕСТОНИЈА – СЛОВЕНИЈА
17:00 ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА
17:15 КОСОВО – ХОЛАНДИЈА
18:00 ИТАЛИЈА – СРБИЈА
18:00 РОМАНИЈА – ПОЛСКА
18:30 ПОРТУГАЛИЈА – ИЗРАЕЛ
19:00 БИХ – ГРЦИЈА