Ракометарите на Тиквеш ќе имаа убава шанса за првпат во клупската историја да обезбедат прогрес во европските купови.
Кавадарчани ќе ги играат на домашен терен во салата „Јасмин“ двата меча од првото коло на ЕХФ Европскиот Куп против составот на Еш од Луксембург.
Првиот меч ќе се игра на 19 септември од 18:00 часот, додека вториот дуел на кој Тиквеш ќе биде формален гости е на 20 септември во истиот термин.
Кавадарчани дебитираа на европската сцена во 2023/24, кога беа елиминирани од австрискиот Кремс, во сезоната 2024/25 беа елиминирани од грчката Драма, а минатата сезона турскиот Бешикташ се испречи пред Тиквеш.
Сега составот на Кристијан Грчевски ќе има убава прилика пред своите „Лозари“ да испише историја и да се пласира во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде веќе се пласирани Охрид, Бутел Скопје и тимот од Автокоманда.
























