Го отпуштија селекторот поради елиминацијата од Италија

Ракометната федерација на Турција ја прекина соработката со довчерашниот селектор на машката репрезентација Окам Халај.

Одлуката од челниците на турската ракометна куќа беше за очекувања, бидејќи Турција не успеа да обезбеди место во втората фаза од квалификациите за СП 2025.

Турција за ривал во првата фаза ја имаше репрезентацијата на Италија, на првиот дуел триумфираше со 37:28, додека на реваншот загуби со десет гола разлика, 37:27.

Во следниот период турската федерација треба да назначи нов селектор, или пак привремен додека не се најде најдоброто решение.

Халај беше назначен за селектор на Турција во декември 2021, но со своите довчерашни избраници не успеа да постигне забележителни резултати.