Трпевска со прв трансфер во странство – ќе игра во Хрватска!

Една од најдобрите ракометарки неколку сезони наназад во Женската лига во Македонија, Ивона Трпевска, ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Трпевска, која долго време беше дел од Вардар, се сели во Хрватска и во претстојната сезона ќе настапува за составот на Далматинка Плоче.

Таа може еднакво добро да одговори и на левата и на десната крилна позиција, а нејзините способности и квалитети беа забележани од хрватскиот клуб.

Освен на домашната сцена во хрватскиот шампионат и во Купот, Далматинка и Трпевска ќе бидат дел и од Европскиот Куп, а во второто коло ќе играат против босанскиот Борац Бања Лука.