Тимот на Тримо Требње, кој од клупата е предводен од македонскиот стратег Раде Стојановиќ, дојде до нова победа во новата година.
По победата над Рибница, денеска момците на Стојановиќ на свој терен славеа против Урбанскапе Лока, триумфираа со четири гола разлика, 29:25.
За Тримо Требње ова беше 14-та победа во новата сезона и со денешната победа го зголеми бодовното салдо, сега има 30 бодови на свое конто.
Моментално, првопласиран во словенечкиот шампионат е Целје со 34 бодови, додека на второто место се наоѓа Слован со бод повеќе од Тримо Требње.
Во следното, 20. коло, составот на Стојановиќ ќе гостува кај незгодната Крка, која е позиционирана на 4. позиција.