Ѓорче Петров 2 се врати во женската елита!

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 се пласираа во Супер женската лига за наредната сезона, откако славеа против Пелистер со 24-17.

Прволигашот уште по петнаесетина минути го најави победникот на овој дуел кога поведе со 8-4, а на паузата беше 15-9.

Битолчанки немаа сили да се вратат во игра во вториот дел, а младите „лавици“ умешно ја одржуваа предноста и контролата на мечот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ристовска, Наумовска и Аврамовска со по четири гола, додека голманките Илиоска и Гошевска комбинираа девет одбрани.

Во составот на Пелистер се истакнаа Тодоровска со шест гола и Котевска со четири погодоци.

Ѓорче Петров 2 ќе им се придружи во Супер лигата на Ѓорче Петров, Чаир, Вардар, Куманово, Спартак, Астибо и Атлетик.