Навивачите на Охрид со петиција: Јасухира да остане наредната сезона и да добие македонски пасош!

Јапонскиот среден бек Косуке Јасухира беше вистинско освежување во составот на Охрид во април и мај, кога се играа клучните натпревари во македонскиот шампионат и на европска сцена.

Јапонецот дојде како позајмен од тимот на Бурган од Кувајт, со кој има договор и за наредната сезона, но има шанси да остане покрај езерото.

Навивачите на Охрид веќе почнаа да собираат потписи охридскиот самурај да добие и македонски пасош.

„Кога нашите натпреварувачи се борат на теренот, тие го прават тоа со страст и решителност која ги инспирира сите. Еден таков херој е Косуке Јасухира. Тој ни подари историско злато и направи да го почувствуваме гордоста како никогаш порано. Заслужува да биде признат и награден за неговите достигнувања и придонес во македонскиот спорт. Ние, навивачите на ГРК Охрид, сакаме нашите спортски херои да бидат соодветно наградени и трајно да останат дел од нашиот град. Веруваме дека доделувањето на македонско државјанство на Косуке Јасухира е заслужена и логична награда која ќе го покаже нашето „благодарам” за неговата посветеност и труд. Метите не се само предизвици, туку и моменти на славење на успехот кој го носат нашите спортисти. Имаме предлог ГРК Охрид да го откупи неговиот договор и со тоа да ја обезбедиме неговата иднина тука, во Охрид. Сите што стоите зад успешниот развој на нашето друштво треба да го подржите овој потег – тоа е благодарност и инвестиција во нашата светла иднина. Време е да покажеме дека ги цениме нашите спортски достигнувања и дека сме спремни да направиме конкретни чекори во тој правец. Ве повикуваме да ја потпишете овој петиција и да му дадете возможноет на Косуке Јасухира да остане со нас и да продолжи да не инспирира! Потпишете ја оваа петиција и покажете го вашето залагање за гордоста и спортскиот дух на Охрид“, се вели во објавата.

Сите што сакаат да ја потпишат петицијата можат тоа да го направат ТУКА.