Македонец се радуваше на титулата со Веспрем!

Екипата на Веспрем по 30. пат стана шампион на Унгарија, откако во финалната серија на плеј-офот со 2-0 во победи беше подобра од големиот ривал ПИК Сегед.

Македониja имаше свој претставник на подиумот во името на Димитар Маневски, кој е физиотерапевт на унгарскиот шампион.

Маневски, кој работеше во Вардар и во македонската репрезентација, веќе шеста сезона е дел од унгартскиот гигант и се радуваше на многу трофеи и титули.

Откако Маневски е дел од Веспрем се сменија многу тренери и играчи, се смени и управата, но тој остана дел од тимот што е уште еден доказ за неговиот квалитет.