Познати арбитрите за бараж средбите за Супер лигата – еве кои ќе судат

Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за последните два натпревари од оваа сезона – бараж средбите за Супер лигата.

Кај дамите, мечот меѓу Пелистер и Ѓорче Петров 2 што ќе стартува од 17:30 часот во салата „25 мај“ во Радовиш ќе го судат Димитар и Дејан Георгиевски.

Делегати на оваа средба се Ацо Николовски и Војо Христовски.

Кај момците, мечот меѓу Младост Богданци и Струга што ќе стартува од 19:00 часот во салата „Антон Димитров“ во Бутел ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Делегати се Марјан Начевски и Сашо Младенов.