Српскиот интернационалец Владимир Бојаниќ, кој помина четири сезони во тимот на Охрид, доби македонски пасош.
Тој по четири сезони заминува од тимот покрај езерото со трофеј во ЕХФ Европскиот Куп, иако немаше голема минутажа во меѓународните натпревари на „гладијаторите“.
Кружниот напаѓач дојде во Охрид во 2022 година, а во првата сезона беше прогласен за најдобар пивот и беше дел од Ол Стар тимот на 24Ракомет за сезоната 2022/23.
Некогашниот пивот на Партизан, Војводина, Тримо Требње, Горење Велење, Бешикташ…има понуди и од странство и од Македонија, а голема предност за македонските екипи доколку се реализира трансфер не би заземал место на странец.























