Две сестри Јанкуловски – две шампионки

Македонските репрезентативки Ангела и Марија Јанкуловски сигурно засекогаш ќе ја паметат сезоната 2025/26.

Двете станаа шампионки со своите клубови – чешката Славија Прага и македонскиот Ѓорче Петров.

Ангела беше лидерот на Славија Прага во полуфиналето и финалето на плеј-офот и беше меѓу најзаслужните што тимот од главниот град на Чешка ја прекина доминацијата на Бањик Мост.

Maрија ја почна сезоната во Металург Автокоманда, но на паузата се пресели во нејзиниот поранешен клуб и имаше значајна улога на патот кон освојувањето на двојната круна.