Трикратниот европски шампион ја задржа Робертс на уште две сезони

Трикрантиот европски шампион Вајперс Кристијансад успеа во своите редови да ја задржи искусната Јасмина Робертс.

Репрезентативката на Шведска и раководството на норвешкиот тим се договорија на нова соработка, па така левиот бек во Вајперс Кристијансад ќе остане уште најмалку две сезони.

Робертс во клубот од Кристијансад пристигна во текот на 2022 година и беше една од ракометарките кои го водеа до повторување на успехот од сезона 2021/22.

33-годишната ракометарка во изминатата сезона за првпат дојде до златен медал во Лигата на шампионите.

Вајперс Кристијансад за следната сезона се засили со Лариса Нусер, Силје Солберг, како и Нина Копанг, Миа Еменегер и Мартине Андерсен.