Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 8-то коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 8. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Чаир, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 8. коло, резултати:
Чаир – Астибо 32:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Куманово 27:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Вардар 29:21 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Веќе не е новост дека левото крило од вицепрвакот има висок процент на реализација. Ѓорѓиевска на натпреварот против Астибо запиша 12 погодоци, со што ја потврди одличната форма од минатата сезона.
Јана Ѓошевска (Металург Автокоманда) – Младата ракометарка беше една од најдобрите во победата над Куманово, натпреварот го заврши како најефикасна со девет погодоци и неколку асистенции.
Ана Вранчиќ (Ѓорче Петров) – Искусната интернационалка од БиХ одигра на ниво во градското дерби со Вардар, имаше шест погодоци против „црвено-црните“.