Екипата на Вардар, која во новата сезона ќе биде дел и од европските купови, продолжува со формирањето на ростерот.
Кадетската репрезентативка на Македонија, Анастасија Тодоровска, потпиша за Вардар и ќе го носи „црвено-црниот“ дрес наредната сезона.
Тодоровска, која настапува на десната бековска позиција потекнува од Битола и досега го носеше дресот на Пелистер.
Вардар претходни ги обнови договорите со Елена Балоска, Мила Ристовска, Мина Ѓурческа, Евгенија Смиљковска, Леона Миленкоска, Вероника Ѓорѓиевска, Ивана Трифуноска, а се засилија на голманската позиција со Марија Дуновска.
Во Вардар остануваат и голманката Марија Галачева, потоа Дона Тодоровска, Драгана Тодоровска и Неда Јанева.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























