Исмаил Металари и Ненад Николовски се меѓу судиите што ја делат правдата на младинското Светско првенство во Кина.
Тие денеска ќе ја имаат третата задача на Мундијалот и ќе го судат значајниот меч меѓу Франција и Египет од 12:30 часот.
Французинките, кои ја бранат титулата од СП во Македонија, веќе се пласираа во главната рунда, додека „фараонките“ имаат се уште шанси со сензација да одат понатаму.
Претходно во првите две кола, Металари и Николовски ги судеа средбите меѓу Чешка и Исланд, односно Јапонија и Фарски Острови.
____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________






















