Тренчевски: Продолжуваме по патот кој води кон плеј-офот

Ракометарите на Струга можеби ја забележаа клучната победа во трката за пласман во плеј-оф фазата, откако пред својата публика го совладаа Скопје со 38:29.

Тимот предводен од Наум Танески во текот на целиот натпревар имаше резултатска контрола и во ниту еден момент не му дозволи на Скопје да дојде до израмнување.

Еден од поискусните играчи во Струга, кружниот напаѓач Александар Тренчевски, истакна дека цврстата одбрана и играта во напад еден на еден биле пресудни за победата над Скопје.

,,Овој натпревар ни беше важен и со победата продолжуваме по патот кој што нѐ води во плеј-офот. Знаевме дека нема да биде лесно поради многуте повреди и тимот на Скопје не е за потценување, но ние стегнавме заби и на крај успеавме да се радуваме на убедлива победа. Нашата одбрана и играта еден на еден во напад беa одлични, тоа си го направи своето. Сега се фокусираме за следните натпревари, сѐ со цел да ја елиминираме и најмалата шанса да не влеземе во плеј-офот”, изјави Тренчевски.

Следен предизвик за екипата на Струга ќе биде дуелот против вицепрвакот, кој моментално е лидер во групата А.

Матески: Нашите мисли се насочени кон плеј-офот!

 

 

Младеновски и Бошњак искомбинираа 19 гола, Струга е на чекор до плеј-оф!