По долги години настапи за полскиот гигант Келце, Томаш Гебала ќе има нов предизвик и ќе се пресели во богатиот Кувајт Спорт, каде што веќе потпишаа Владан Липовина и Виктор Итуриза.
Францускиот плејмејкер Саду Н’Taнзи заминува од унгарската Татабања и ќе настапува за катарскиот Ал Араби, со кој потпиша договор на три сезони. Претходно средниот бек играше за ПСЖ.
Десниот бек Шиме Ивиќ во новата сезона ќе ги брани боите на грчкиот вицепрвак АЕК Атина. Тој доаѓа од францускиот Лимож, а претходно играше за Нант, Екс Ан Прованс, Лајпциг, Мешков Брест, Целје, Нексе, Ерланген, Висла Плоцк…
Словачкиот првак Татран Прешов го дополни ростерот за претстојната сезона со кружниот напаѓач Филип Јуркович. 22-годишниот пивот претходно настапуваше за Слован Модра, а сега потпиша договор на три сезони со Татран.
Данскиот ветеран Јаник Грин ја започна последната сезона во францускиот гигант ПСЖ. Чуварот на мрежата идното лето се враќа во татковината и ќе ги брани боите на Хој, тим во кој во моментов играат Ване, Линдберг, Климпке…