Трајкоски: Грешките си го направија своето, овие натпревари се добри за нас младите

Ракометарите на Прилеп во рамки од 11. коло од Супер лигата на гостувањето во Скопје кај Вардар беа поразени со 36:26.

Прилепчани се обидоа да парираат колку што можат и да бидат повеќе поконкурентни и на дел од натпреварот беа достоен ривал.

Левото крило на Прилеп, Давит Трајкоски, кој на денешниот дуел постигна три погодоци, истакна дека грешките си го направиле своето.

,,Имавме многу промашувања од чисти ситуации, технички грешки, избрзани шутеви, тоа ја направија разликата од десет гола. Можам да кажам дека сите тие грешки беа причина за поразот од десет гола разлика, но како што знаеме сите, тимот на Вардар е двократен европски првак, има поголема ротација, искуство..Овие натпревари се добри за напредување на нас младите, како и на ракометарите со помала минутажа”, изјави Трајкоски.

Прилеп во следното, 12. коло на свој терен ќе го пречека дебитантот Мулти Есенс, кој ја доби првата пресметка против избраниците на Мојсов.

По десеттиот триумф сезонава: Вардарци на три чекори до три бода