Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлична партија во второто коло од Бундес лигата.
Тој беше меѓу најдобрите поединци на мечот кој неговиот Битигхајм го загуби на домашен терен од големиот Кил со 36-28.
Македонскиот чувар на мрежата успеа да одбрани 13 удари на противничките играчи со 27% на успешност.
Сепак тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој натпревар, на кој „зебрите“ на паузата водеа со 19-16, а во вториот дел доминираа на теренот.
Томовски во првата рунда фати 15 противнички удари и веќе по два меча има собрани 28 одбрани во елитната Бундес лига.

























