Тимот на Младост Богданци само една недела по обезбедениот пласман во елитната конкуренција, веќе активно работи на ростерот за претстојната сезона во која по долго време ќе биде меѓу најдобрите.
Првото и главно прашање околу тренерот веќе е решено – Горан Андоновски останува на кормилото на Младост Богданци и наредната сезона.
Андоновски кога дојде во Богданци вети камбек во Супер лигата и ја оствари целта.
„Со голема чест и задоволство објавуваме дека треберот Горан Андоновски, останува тренер на РК Младост 1977 и во претстојната суперлигашка сезона! По успешната мисија и враќањето на клубот таму каде што му е местото – во македонската Суперлига – продолжува заедничката приказна исполнета со амбиција, работа и големи цели. Неговото искуство, професионализам и победнички менталитет беа еден од клучните фактори во развојот на тимот и создавањето на конкурентна екипа која гордо го претставува Богданци и Југоистокот. Пред нас се нови предизвици, нови битки и нови успеси! Заедно продолжуваме да ја пишуваме историјата на РК Младост 1977“, се вели во објавата на клубот.






















