Иако првично беше најавено дека мечот меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и Охрид ќе биде одигран в среда на 6 мај, тоа нема да биде случај.
Натпреварот од 7 коло од суперлигашкиот плеј-оф меѓу тимот на Лазаров и оној на Ројевиќ е закажан за во вторник од 18:00 часот.
Иако минатата сезона поради настапите во ЕХФ Европскиот Куп, „целата лига“ им излезе во пресрет на „сино-белите“ од Автокоманда и се одложуваа натпревари, сега тимот од Автокоманда го закажа мечот со Охрид во вторник, само два дена по европското полуфинале против Целје.
Претходно, Еурофарм Пелистер, му излезе во пресрет на Вардар и се согласи мечот со „црвено-црните“ да се игра по настапите во Лигата на Европа на вардарци.

























