Македонскиот претставник во Европскиот Куп, Тиквеш, го очекува премногу набиена агенда во следниот период.
Реваншот од второто коло меѓу Тиквеш и Кремс ќе се одигра на 21 октомври во Австрија, а победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во следната фаза од Европскиот Куп.
Пред реваншот, кавадарчани ги очекува дуел со незгодниот тим на Еурофарм Пелистер 2 во рамки од 8. коло од суперлигашката конкуренција.
Тиквеш дуелот со младите пелистерци ќе го одигра во четврток (19 октомври) во спортската сала „Боро Чурлевски“, а потоа следниот ден ќе патува за Австрија.
За потсетување, избраниците на Никола Матлиески во неделата го совладаа Кремс со 33:29 и на реванш дуелот ќе патуваат со четири позитива.