Темни облаци над Богданци – ќе продолжи ли успешната приказна на Младост?

Еден од најстарите клубови во Македонија, Младост Богданци, се наоѓа пред неизвесна судбина, откако советот на Општината Богданци го доведе под знак прашалник понатамошното функционирање на клубот, во кој членуваат околу 120 деца (машки и женски) од целата општина и околината.

Управата на Младост Богданци годинава направи голем исчекор, го активираше женскиот ракомет, пријави екипи во младинските категории, привлече голем број од децата да одберат да спортуваат, но сега се соочува со низа потешкотии.

Клубот преку соопштение, кое што беше објавено на социјални мрежи, искажа голем револт кон мнозинството советници од Општина Богданци. Имено, градскиот совет на Богданци изгласал одлука за доделување само 300.000 денари на ракометниот клуб.

Младост во ланската сезона беше домаќин на Ф4 турнирот во младинската лига и докаже дека ракометот е спорт број еден во Богданци. Од школата на Младост се уште произлегуваат талентирани ракометари, неколку од нив се репрезентативци во младинските селекции.

,,По повод срамната одлука на мнозинството советници на Општина Богданци денес советниците го доведоа под знак прашалник понатамошното функционирање на РК Младост 1977 АД Богданци (машки и женски) каде во моментот членуваат 120 деца од целата општина и околината.
РК Младост 1977 годинава се натпреварува во четири категории машки и девојки од кои во две категории се бори за шампионска титула и се меѓу најдобрите три клуба во Македонија.
Со изгласаната срамна одлука на советниците денес за доделување 300.000 денари, а притоа никаде да не се спомене ниту женскиот ракометен тим, клубот се најде пред сериозна одлука за понатамошното функционирање бидејќи тие средства не се доволни ниту за превоз на натпревари а камо ли за размислување на посериозни резултати и успеси како што досега се бореа децата кои се меѓу најдобрите во Македонија.
Со овој потег само докажаа дека наместо да се трудат и со подршка да се стимулират младите деца да останат во РК Младост и Богданци вие правите тие самите да размислат да заминат одовде.
Во текот на неделата РК Младост 1977 по одржан состанок на управата ке излезе со конечно соопштение за понатамошното функционирање понатамошни и чекори како и иднината на клубот”, стои во соопштението на Младост Богданци.

Женскиот ракомет се враќа во Богданци