Женскиот ракомет се враќа во Богданци

Поранешниот женски клуб „МЛАЗ, Богданци кој минатото 1997-2008, континуирано настапуваше во европските купови и беше меѓу трите ракометни женски тимови во Македонија, поради недоволно финансии престана да постои, а со неговото исчезнување од ракометната мапа, исчезна и женскиот ракомет во Богданци.

Сепак, Младост Богданци, кој бележи солидни резултати во младинските категории во машка конкуренција, одлучи по пауза од 15 години да го активира женскиот ракомет.

Ваквата одлука е донесена поради големиот интерес за женски ракомет во малата општина во Југоисточна Македонија.

Од клубот најавија дека ќе пријават екипа во младинските категории во женска конкуренција, но и дека напорно ќе работат со ракометарките, со цел секоја од нив да стигне до сениорско ниво.

,,После долги години пауза секој почеток е тежок, резултатите нема да бидат наша цел, но со голема работа вложување на тренерите и нашите поддржувачи сметаме дека за неколку години овие девојки кои сезонава започнуваат од најмалата категорија ќе ја достигнат својата цел и успешно ке стигнат до соодветен квалитет за да настапат и во сениорска категорија. Покрај женските нашиот тим сезонава продолжува со настапите во машките лиги и тоа во Првата машка лига, младинска лига и кадетската лига”, истакнаа од Младост Богданци.